Со строги правила градинките почнаа со работа

По неколкумесечна пауза, детската градинка „Ангел Шајче“  денеска почна со работа според строги здравствени протоколи,  а за згрижување досега се пријавени 253 деца.

„Денеска кога започнуваме со работа присутни се 171 дете, а проектираниот капацитет на установата согласно овие протоколи е 753 деца на ниво на установата“, информира директорката Марина Алексовска, посочувајќи дека  годинава стартуваат со деца кои што исклучиво согласно одлука на Владата имаат донесено изјава, потврда од двајца вработени родители кои исклучиво работат на работно место без можност за работа од дома и медицинска потврда.

Како што налага протоколот за спречување на ширење на вирусот Ковид 19, просториите ќе бидат редовно проветрувани, а дезинфекцијата на предметите и подовите ќе се врши неколкупати дневно.

-За жал, состојбата е таква да мора да ги почитуваме протоколите, не смее да има ниту едно дете повеќе во јаслените групи од шест, а во градинските групи 15. Сето тоа е пропишано согласно Оперативниот план што го донесе Владата и министерството за труд и социјална политика. Изготвени се и протоколи на ниво на установата, така што ние се потрудивме навистина сериозно да ги осмислиме тие протоколи каде што ако случајно, не дај Боже се појави дете со симптоми на корона вирус, значи не сакаме од една група целиот објект да се претвори во кластер. Затоа давателите на услуги, воспитувалот и негувателот кои се во таа група, тие се исклучиво во својата група, додека други лица, има пропишано со проколот , вршат прием со мерење на температура на децата и кои што вршат испраќање. Храната се дистрибуира  до нивната кујна, до нивната занимална, така што ни кујната нема пристап, никој нема пристап до децата. Кога се надвор тогаш може да влезат од техничкиот персонал да ги дезинфицираат масичките, имаат задача три пати дневно во самата занимална кога децата не се тука, кога се во тоалет, на миење раце, кога се пред јадење или после јадење, така што сите тие работи се осмислени со една цел, ако се случи, ако имаме таква појава една група да биде кластер, а не целиот објект, изјави Марина Алексовска, директор на детска градинка „Ангел Шајче“

Установата има предлог- решение и за оние родители кои што се вработени двајца, а согласно проектираниот капацитет градинката не може да го опфати нивното дете. „Со преадаптација на одредени простории во шесте објекти на „Ангел Шајче“ и двата центри за ран детски развој, капациетот за градинските групи ќе биде проширен за 150 места“ вели Алексовска.

-Сите мораме да излеземе во пресрет и затоа Владата мислеше на тоа и испрати препорака до локалните самоуправи и до градоначалникот дека доколку се исполни овој проектиран капацитет да се најдат соодветни услови и да се преадаптираат. Во договор со општината ние како установа првично имавме предлог што би можеле да преадаптираме во градински групи, тоа се шест трпезарии, бидејќи децата сега не јадат во трпезарија, шест трпезарии кои ќе бидат претворени во градински групи со целодневен престој и два центри за ран детски развој каде што немаме пријавено деца, тоа се четири занимални и овие шест значи ќе го прошириме капацитетот за 150 деца.

Директорката Алексовска објасни и што се презема доколку во една група има 30 деца, а согласно протоколот бројката треба да биде преполовена.

-Родителите тоа го имаат добиено преку своите учителки, како би одело тоа ако во една група имаме 30 деца, а има согласно протоколот 15 деца. Прво дете кое што донело, односно родител што донел потврди и сите потребни документи, изјава, две потврди и медицинска потврда, тоа дете си останува во својата група. 16-то дете кое што ќе дојде, ќе го ставиме во друга група се со цел да биде згрижено. Меѓутоа, доколку се исполни капацитетот  проектираниот согласно протоколите тогаш родителот има можност да си потпише изјава и времено да биде прифатено во друг објект каде што има можност, се со една цел децата да бидат згрижени, изјави  Марина Алексовска, директор на ЈОУД  „Ангел Шајче“ Куманово

На влезните врати денеска во градинките се мереше температура, дечињата нетрпеливи, чекаа да влезат во занималните, а родителите на растојание од два метра уредно со задолжителната заштитна маска ги оставаа своите деца во установата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)