Министерот Оливер Спасовски гостувајќи во утринската програма на МТВ на прашање до каде е истрагата за лажните пријави за бомби во училиштата и други институции, истакна дека последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22-ри март, против еден малолетник, како и тоа дека практично е навлезено во една група лица коишто учествувале во испраќањето на лажните пријави.
Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази“, рече Спасовски.