Спасовски: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа

Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа, а станува збор за неколку различни униформи, информира денеска на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Станува збор за неколку различни униформи, и тоа:
➡️Урбана маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување. Комплетот е составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици.
➡️Втората униформа е рурална маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување и за Единицата за обука и поддршка. Комплетот е составен од: зимска јакна со подјакна, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, навлака за шлем, шешир, дводелно пододдело со подкапа, ракавици термо и тактички.
➡️Третиот дел од униформата на Единицата за брзо распоредување е комбинезон во темно-сива боја, изработен од специјален материјал НОМЕКС, кој што е тешко запаллив и се користи во услови на нарушен ЈРМ во поголем обем и апсење на опасни лица во затворени простории.
➡️Меѓу новите униформи е и униформата во темно сина боја, наменета за Единицата за обука и поддршка, а комплетот е составен од следниве делови: зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, pанталони рипс и ремен, три маици (со јака, без јака и тактичка маица со кратки ракави), четири капи (шешир, безбол, беретка и плетена капа), дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици и дождовна наметка.
➡️И, униформа во темно сива боја за СВР Скопје – ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА, при што комплетот е составен од: комбинезон, зимска јакна со подјакна, кратка јакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, шест капи (шешир, фантом капа, полар, безбол, беретка и плетена капа), навлака за шлем, термо и тактички ракавици, дводелен комплет за дожд и дождовна наметка.
Продолжуваме со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици-напиша Спасовски на Фејсбук.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)