Спасовски со увид на полициски пунктови

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи увид на неколку полициски пунктови во Скопје по стартот на спроведувањето на новодонесената мерка за ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот, според одлуката на Владата.

„Ова е неопходен чекор препорачан од здравствените фактори, а во интерес на поединечното и јавно здравје, и повеќе од сигурен сум дека сите заедно ќе успееме да ги пребродиме и овие околности што ни ги наметнува пандемијата со ковид- 19. Апелирам до граѓаните на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите. Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот“, рече Спасовски.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)