Спасовски: Со членството во НАТО ќе имаме траен мир и безбедност

Важно е да се интегрираме за да не останеме осамени, да не останеме на тој пероон на кој што стоиме 28 години, рече заменик претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на вечерашната трибина на Коалицијата „За европска Македонија“ која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Како што рече Спасовски пред кумановци НАТО за Република Македонија значи пред се безбедност, гаранција на територијалниот интегритет на државата и границите.

– Ќе имаме траен мир и безбедност, ќе имаме мирен сон за нашите семејства, нашите деца ќе градат иднина во оваа стабилна и просперитетна Република Македонија. НАТО е и економија, затоа што со развојот на државата е потребно да имаме и голема стабилност, затоа земјите од регионот кои станаа членки на НАТО имаат огромен раст по само една година членство во НАТО алијансата. И Црна Гора и Албанија за само една година, двојно ги зголемија инвестициите, воедно ги зголемија платите и пензиите, се зголемува бројот на работните места, но не заради тоа што станале попаметни или повредни од претходно, туку затоа што имаат јасна можност за развој на државата, рече Спасовски.

Најважната придобивка од членството во ЕУ, како што посочи Спасовски е изградбата на европски систем и вредности во образованието, здравството, земјоделието, културата и економијата.

– Заради немањето на такви европски вредности и систем во државата ни заминаа голем број граѓани од Република Македонија, заради тие вредности младите сакаат да учат надвор од државата и да се образуваат. Имавме систем 11 години предводен од Груевски, кој што систем значеше образование кое е еднакво на една трафика во која можат да се купуваат дипломи и таквите со купени дипломи ја водеа Република Македонија, на сметка на оние кои се образуваат квалитетно да се вградат во системот на државата. Европска вредност е таквите млади и образовани да ги вклучиме во системот на Република Македонија, посочи министерот Спасовски.

Европската унија ќе отвори врати на пазар од 500 милиони жители што же ги зголеми работните места, же ја подобри економијата и сите можни капацитети на Македонија преку европските фондови.

За опопзицијата Спасовски вели дека нема полошо нешто во политиката од немање став, да не знаете што треба да им понудите на граѓаните.

– Ги разбирам дека имаат многу проблеми, многу крадеа изминатите години, многу пари и капитал создаваа и тие пари кои што не се чесно заработени на крајот создаваат проблеми. Едните се бранат од криминал, вторите сакаат да заштитат свој личен интерес, има и една група чесни и одговорни луѓе кои се дел од ВМРо-ДПМНЕ и сакаат да ја поддржат европска Македонија, меѓутоа за тоа треба лидерство и визија, ние имаме визија, а визија е кога нешто правите со љубов, ние то го правиме со љубов за Македонија и нашите граѓани и за иднината. Тие немаат став, немаат визија, не знаат што треба да се прави со Република Македонија во наредниот период и затоа изостануваат со поддршка. Жалам што таа категорија на луѓе, таа идеологија секогаш досега била на темната страна на македонска историја, рече Спасовски кој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат и да бидат дел, од како што посочи историскиот процес на развој на Македонија.

На трибината се обрати и Александар Арсиќ, член на Извршен одбор на СДСМ кој рече дека држава по европски терк ќе значи држќава во која ќе владеат закони, ќе има независно судство, слободни медиуми.

– Нашите млади ќе може да се образуваат и да гис текнуваат вештините на било кое училиште или високообразовна институтција и добиените знаења повторно да ги донесат овде во Република Македонија со што државата же биде побогата со многу поинтелигентни луѓе и со тоа ќе имаме развој каков што ние го посакуваме за нашата држава. Ќе имаме подобро здравство, здравствените работници почнаа да добиваат бенефиции, државата почна да го гледа значењето на здравствените работници, меѓутоа со влегување во ЕУ ќе имаме многу поквалитетно здравство, рече Арсиќ.

Како што додаде Арсиќ со членството во НАТО ќе се влезе под чадорот на најголемиот воено-безбедносен сојуз во светот, а за Македонија е важно што ќе се седне на маса со останатите членки и ќе се зборува на македонски јазик.

Поранешниот градоначалник на Општина Куманово и член на Ценралниот одбор на СДСМ, Зоран Дамјановски, истакна дека членството во НАТО дава можност не само за подобра безбедност туку за развој, демократија, наука и култура.

– Европско Куманово е нешто за што зборуваме како систем на вредности, мултирукултурно, мултиетничко и мултифункционално општество во кое живееме сите. Куманово е првиот град кој воведе четири јазици во употреба во локалната заедница, имаме училишта со по два-три јазика. Се гордеам што ние во сите тие периоди ги негувавме сите традиции и вредности кои се високоценети и почитувани во европската заедница, мислам дека сме добар пример како локална заедница и предвесник за евроинтегративните процеси и во минатото и сега, а мислам дека ќе бидеме и во иднината, рече Дамјановски.

Договорот со Грција како што рече Дамјановски е компромис, а тоа е кога двете страни се подеднакво незадоволни и се прави договор во кој мора да се даде нешто од нашето, за да се добие нешто од нинвото.

– Тоа што го добивме е отворениот пат кон НАТО и ЕУ, тоа што го изгубивме е само еден атрибут, Северна Македонија, географска одредница со сите пропратни елементи. Тој компромис е добар компромис, тоа анс не доведува во еден нов период во кој ние со гордост ќе чекориме кон модерната Европа и сојуз на држави во кои припаѓаме и затоа од оваа место би сакал да упатам порака до оние кои се двоумат околу овие прашања, дали требаше вака да биде или не, ако имаше друго решение сигурно во претходниот период ќе било завршено, истакна Дамјановски.

Трибината беше завршен настан од кампањата на Коалицијата „За европска Македонија“, а вечерва на полноќ започнува референдумскиот молк кој трае 48 часа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)