Спасовски : Ќе обезбедиме раст на минималната и просечната плата

По завршување на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти, раст на просечната плата до 30 проценти, нагласи носителот на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 2, Оливер Спасовски. Тој потенцираше дека Можеме е понуда за грижа на сите граѓани. Програмата предвидува нова мерка за поддршка на младите, поврат на персоналниот данок за сите нововработени до 29 години во првите 2 години.

-Парите ќе ги добиваат директно на сопствена сметка младите. Се обврзуваме на нова повисока пензија да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари бидејќи висината на пензиите е директно врзана со растот на платите а нашата цел е раст на платите во следните четири години, тоа значи отворени можности и сигурен раст на пензиите-нагласи тој.

Тој посочи дека Куманово доби две целосно изградени, а  во тек е изградба на уште една училишна сала.

-Спроти овој модерен, затворен базен изграден во мандатот на СДСМ е спортската сала, која што во новиот мандат ќе ја реконструираме. Се грижиме за сите  и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука со што ќе ја задржиме автентичноста на објектот-посочи Спасовски.

Продолжуваме по правиот пат, за младите градиме државата која што е иновативна и  во која ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста, нагласи Спасовски.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)