Спасов: „Искористете ја мерката грант за самовработување“

Невработените лица кои што имаат добра бизнис идеја имаат можност до крајот на месецов да аплицираат во агенцијата за вработување за  основање свој сопствен бизнис. Со вториот оглас за  мерката за самовработување е предвиден грант од 200.000 до 350.000 денари неповратни средства од државата за основање на 420 мали бизниси, посочи денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посета на приватна стоматолошка ординација во Куманово основана преку оваа мерка.

-Оваа прилика сакам да ја искористам за да ги поттикнам сите невработени лица кои имаат вештини, кои што имаат одредена идеја за основање на сопствена компанија, кои познаваат одреден занает, кои што сакаат да се самовработат да го искористат овој проект,оваа мерка и да аплицираат на огласот кој што се уште е во тек, изјави Диме Спасов, заменик министер за труд и социјална политика

Мерката грант за самовработување досега помогнала за формирање на околу 7.800 приватни компании, отворање  над 7.900 работни места и создавање на мали бизниси кои се двигатели на македонската економија, потенцираа надлежните.

-Покрај тоа што ќе се самовработат ќе можат да аплицираат за уште едно дополнително работно место кои што средства ќе се одредат после завршување на вториот циклус на исплата на средства каде што дополнителни 1500 евра за ново работно место ќе бидат доделени во текот на октомври, ноември и декември месец со тоа што ќе се заокружи и оваа година проектот за самовработување со грант, изјави Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување

Стоматолошката ординација на доктор Емица Младеновска Спасиќ  речиси две години работи успешно користејќи ја оваа владина мерка.

-Ја имам искористено мерката за самовработување  што ја дава владата на рм , ја имам искористено и втората мерка за вработување на лице до 29 години , тоа е стоматолошката сестра што работи кај мене во ординацијата, задоволна сум од проектот и ги  повикувам сите кои што се заинтересирани да се пријават на конкурсот кој што е во тек, изјави  др. Емица Младеновска –Спасиќ, стоматолог

– Да ја искористам шансата да кажам дека во просториите на поранешен Медицински центар се уште има слободни ординации   така што и другите медицинари без разлика дали се општи лекари, стоматолози, доколку се охрабрат да тргнат има простор , доколку немаат свој сопствен простор да можат да почнат со сопствен бизнис, изјави Зоран Ѓорѓиевски, пратеник

За оваа година вкупниот буџет за реализација на оваа мерка е во износ од 207 милиони денари за финансиска поддршка на 920 грантови.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)