Спортската сала скоро две недели е без струја

Повеќе од десетина дена спортската сала во Куманово работи без струја. Тоа беше повод за денешната прес конференција на Општинскиот Сојуз на спортови, на која претседателот  Сашо Петрушевски, побара што поскоро да се отплати долгот кон ЕВН и да се реши проблемот со електрична енергија.

– На прагот е натпреварувачката сезона во Куманово и ако за десетина дена не се разреши овој проблем, спортот во Куманово, сите овие спортисти, а и сите млади луѓе во Куманово ќе изгубат многу. Сојузот се обрати до сите структури во Македонија. Пративме писмо до ЕВН, пративме писмо до Владата на Р.М., ја вклучивме и Општината и градоначалникот на Општина Куманово, се со една цел, да се разреши проблемот со напојување електрична енергија, за да може спортот во градот да продолжи и како би можеле спортистите и сите млади луѓе да се натпреваруваат и да учествуваат во натпревари,- изјави Петрушевски.

Тој тврди дека на нивните писмени барања до сега немаат добиено одговор, а ветувањата за решавање на овој проблем не биле исполнети. Тој нагласи дека најмногу штета од ова имаат спортистите кои го претставуваат градот, а и државата, како на локално, така и на интернационално ниво.

На новинарско прашање колку изнесува долгот за струја на салата, тој не сакаше да даде одговор, туку повика на единство на сите институции за решавање на проблемот во името на спортот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)