Спортска литература доби градската библиотека

Библиотеката Тане Георгиевски е збогатена со 170  примероци спортско стручна литература, од донација научната библиотека на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, издадена од организацијата Геостратешки инситут Глобал, а под покровителство на претседателот на Република Македонија. На читателите ќе им бидат достапни книги кои се однесуваат за спортот и физичката активност во целина, но има и расни периоди, како раниот детски развој кога активноста е најпотребна, одредени спортски дисциплини особено најатрактивните фудбал и кошарката. Најголем дел од книгите се однесуваат за законски акти правилници, документи кои го организираат самиот спорт, како и девијантното однесување  и справување со истото.

-Во најголем процент се книги кои се мое дело, јас сум автор со група на автори кои работат со мене од тие причини задоволството е поголемо кога ќе слушнете дека во родниот град младите луѓе бараат да користат таква литература, апсолутно е чест и задоволство да се донира ваква литература јас се надевам дека како автор ќе ме радува читателите навистина да ја користат таа литература што ќе остави простор и понатаму да донесеме уште поголем број на спортска литераутра а она што го знам за нашиот град е дека е спортски град-истакна  Иван Анастасовски, проф д-р, продекан на Факултет за физичко образование, спорт и здравје.

Директорот на градската библиотека, Марјан Петковски се заблагодари на донацијата и истакна дека истата е од особено значење бидејќи досега не располагале со голем фонд на ваква литература.

-Се надеваме дека истите ќе најдат место кај корисниците од причина што и во изминатиот период имаме побарување на ваков вид на литература но еве како дефицит ни е и овој вид на литература, јас би сакал да се заблагодарам до професорот и се надевам на понатамошна соработка-истакна тој.

Книгите ќе може да ги користат корисниците на градската библиотека Тане Георгиевски.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)