Спречени обиди за криумчарење стока

Царинските службеници во текот на месец јануари годинава откриле повеќе обиди за криумчарење стока и четворица мигранти. Како што информираат од Царинската управа,  на Граничниот премин Табановце, царинските службеници заплениле спортска облека и разна стока од футроли за очила до обувки и облека, односно 139 парчиња спортска облека (шорцеви, маици, тренерки и дуксери), биле откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Возачот пријавил дека носи спортска опрема спакувана во 23 кутии, за која поседувал странска извозна декларација. Поради тоа што возилото не било соодветно за транспорт на царинска стока, бил извршен претовар во соодветно возило и воедно бил извршен детален преглед на стоката, при што биле пронајдени непријавените производи.

Истите биле  привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Вкупно 200 футроли за очила, 11 готови текстилни производи, 3 пара чизми, 6 пара лежечки држачи за лагери, 6 сета карики, 1 комплет дихтунг за глава за мотор и 10 штрафови за глава за мотор, биле откриени од страна мобилните царински тимови, при контрола македонски камион, извршена во близина на царинскиот терминал Табановце.

Непријавените производи, како што велат од Царинската управа, биле пронајдени во кабината, зад возачкото седиште и во просторот за палети.

Истите се привремено задржани, а против возачот, македонски државјанин, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)