Србите во недела можат да гласаат и во Центарот за култура

Србите од Куманово во недела имаат можност да гласаат за претседателските и парламентарните избори кои се ќе се одржат во Србија. Гласањето ќе се спроведе во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Во Македонија освен во Куманово, ќе се гласа и во амбасадата на Србија во Скопје. Гласачките места ќе бидат отворени од 07 до 20 часот.

Правото на глас во недела ќе можат да го остварат српските државјани кои веќе се пријавиле за гласање во странство. Тие со себе треба да носат само документ за идентификација, издаден од надлежните органи од Република Србија.

Според податоците на српската изборна изборна комисија, за остварување на правото на глас на српските државјани за гласањето за претседателските и парламентарни избори, ќе бидат отворени 77 избирачки места.

Гласањето ќе се одвива согласно мерките за заштита од ковид 19.

Коментари

коментар(и)