Србите го одбележаа празникот Свети Сава

„Празнувањето на Свети Сава е верба во иднината, чување на минатото. Нашата поврзаност со Свети Сава, не е само религиозна, не е само државотворна, туку е она што ги одржало нашите предци во најтешките мигови, рече, меѓу останатото, претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ – Стојковска на Светосавската академија во кумановскиот Театар. Свечената манифестација по повод националниот празник на Србите во Македонија  Свети Сава веќе 13 години ја организираат Српската заедница во Македонија, регионален одбор Куманово и ДПСМ .

-Нашата поврзаност со светителот Сава не е само религиозна, верска, не е само државотворна, нам Свети Сава ни е многу повеќе од тоа, тоа е она што ги зачувало и одржало нашите предци  во најтешките денови. Не можеме вечерва од ова место да не испратиме поддршка на нашите браќа, сонародници во Црна Гора кои што вечерва се на улица борејќи се единствено за своите човечки права. Од ова место сакам само уште да ве поздравам, да ви посакам се најдобро до следниот  празник Свети Сава, рече претседателката на Српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ- Стојковска.

Специјалниот претставник на претседалот на Србија, Никола Селаковиќ во своето обраќање ги пренесе поздравот и поддршката на српската заедница  од претседателот Александар Вучиќ .

„ Србија секогаш била и ќе биде ваша матица,  ваш дом“ , потенцираше Селаковиќ .  

-Она што е важно и она што не смееме да заборавиме е дека ни тешките времиња на Отоманското турско ропство, ни големите искушенија во кои што бил нашиот народ изложен во некои диктаторски, еднопартиски времиња , не успеале да го отстранат и да го избришат она што е Свети Сава за Срби, она што тој бил во нивната историја, она што е во нашата денешнина, она без што ние не можеме да постоиме во иднина. Убеден сум дека наредната година и секоја наредна година Савин ден ќе го дочекуваме многу подобро од претходно, рече Никола Селаковиќ, специјален претставник на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Светосавската беседа ја  прочита универзитетскиот професор, книжевник, дипломат и Амбасадор на Србија во УНЕСКО,  Дарко Танасковиќ.

Академијата беше збогатена со познатите звуци на легандарниот             српски инструменталист Бора Дугиќ придружуван со оркестарот на Бобан Продановиќ.

Во програмата учествуваа и актери од Народниот театар во Белград, Иван Вучковиќ и Владимир Јоцовиќ, а со својата фолклорна и рецитаторска секција се претстави и културно -уметничкото друштво „Српски вез“.

Инаку, традиционално обележување  на  Свети Сава, од 2007-та година со закон е утврден како национален празник на Србите во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)