Сребрен и бронзен медал за младите пингпонгари

Во организација на Пинг понг клуб „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови , изминатиот викенд се одржа Петтиот традиционален турнир во пинг понг  за кадети „Куманово 2019“. На турнирот учество зедоа 26 кадети и кадетки од шест клуба од Македонија, а се  одржа во спортската сала на гимназијата Гоце Делчев , по повод државниот празник 11-ти Октомври, информира координаторот и прв тренер на клубот , Мики Трендафиловски. Тој е задоволен од играта на неговите ученици и постигнатиот резултат на турнирот.

„Андреј Васевски е втор, а Ведран Рангелов  трет во конкуренцијата на 14 кадети, а играта на Стефан Станковски и Гого Нешковски беше задоволителна и на очекуваното ниво“, вели Трендафиловски. Првото место во конкуренција на кадети му припадна на Ѓорѓиј Соколоски од Пинг понг клуб „Студент“  од Скопје , а најдобра кај кадетките е Изабела Ковачевска од ПКК „Берово“ од Берово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)