Сребрен медал за пливачки клуб „Делфин“

Со 14 членови пливачкиот клуб „Делфин“  од Куманово изминатиот викенд учествуваше на меѓународниот пливачки митинг „Орион куп“  одржан на олимпискиот базен во Скопје. Најуспешна од Куманово беше 16 годишната Ангела Јордановска, ученичка во средното училиште „Киро Бурназ“ , а член на „Делфин“  од ноември минатата година. Ангела се закити со сребрен  медал.

-За мене второто место значи многу голем успех , пливав во дисциплината – слободен стил жени на 50 метри. На младите им препорачувам да се бават со спорт , Изјави Ангела Јордановска, член на ПК „Делфин“

И дел од останатите пливачи од Куманово постигнаа успешни резултати на меѓународнит митинг, петто и седмо место во дисциплината  слободен стил-мажи на 50 метри

-Ние како нов клуб во регионот докажавме дека за кратко време можеме да бидеме конкуренти и на меѓународни пливачки митинзи се со цел децата да стекнат нови искуства заради ширење на клубот а и добро презентирање на градот. Единствено што сакаме да го задржиме е мотото на нашиот клуб,  тоа е добра организација , професионална работа на тренерите, задоволни родители и нормално здрави пливачи, изјави Александар Спирковски, ПК „Делфин“ Куманово

Пливањето како спорт е многу корисно за правилниот раст и развој на децата. Дел од членовите пливаат рекреативно, но има и младинци кои што пливањето го користат од медицински цели односно по препорака од лекар бидејќи со пливањето можат да се коригираат деформитетите настанати на телото, најчесто заради неправилно држење на телото, предолго  седење  пред комјутер, лап топ , неправилно носење на ранец поради неговата тежина која најчесто нерамномерно е распределена и слично.

-Сите знаеме дека со пливањето во комбинација со четирите техники за пливање учествуваат 100 проценти од мускулите на човечкото тело што овозможува правилен раст и развој на нашето тело. Најчесто деформитети се јавуваат уште од најраната возраст од седум до 11 години каде во времето на пубертетот доаѓаат до израз и затоа треба уште од најрана возраст децата да се насочат кон спортувањето за да се намалат ризиците од деформитетите. Ние како клуб за дечињата со деформитети работиме по специјална индивидуална програма зависи од степенот и видот на деформитетите на членот , нормално форсираме вежбички за да се коригираат тие деформитети да не настанат поголеми последици, изјави Спирковски.

По завршувањето на учебната година  клубот „ Делфин“  за своите пливачи ќе воведе  уште два часа на суво од областа на кинезитерапијата , а со децата ќе работи професионален физиотерапевт. Кинезитерапијата е планско и систематски организирано телесно вежбање кое има за цел да дејствува превентивно и корективно во однос на одредени аномалии, повреди и заболувања на локомоторниот апарат. Надлежните апелираат до родителите своите деца да ги насочуваат  во спорт уште од најмала возраст.

Инаку, што се однесува до пливачкиот клуб „Делфин “ , повторно со свои членови од шест до 18 годишна возраст на почетокот на јуни месец ќе биде дел од уште еден меѓународен пливачки митинг , што ќе се одржи на олимпискиот базен во Скопје. Инструкторите очекуваат уште подобри резултати со оглед на тоа што нивните членови ќе бидат поискусни на следното натпреварување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)