Среда неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 24 мај (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Воедно, Министерството соопштува дека согласно со Законот за празниците, 23 мај, (вторник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.

Министерството на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.

Коментари

коментар(и)