Средба на цивилните инвалиди од војната

Цивилните инвалиди од војната во Македонија денеска традиционално по 41ви пат го одбележаа 6ти април, денот на големата агресија на Нацистичка Германија врз тогашната Југославија.

Средбата беше во организација на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, а дел од манифестацијата беа и градоначалникот и претставници од локалната самоуправа. Првиот човек на градот Зоран Дамјановски упати порака за мир.

Ние во изминатиот период имавме и други воени дејствија во Македонија во кои исто така имаме недолжни жртви од тие воени дејствија, така да оваа организација ги укрупни своите активности и членството и на некој начин луѓе кои дале дел од своето тело како резултат на несовесната употреба на воениот арсенал и затоа Куманово како град членка на Асоцијацијата на мирот во светот се залага за мирот во светот, а пред се пружа поддршка на сите здруженија кои се грижат за последиците од тие воени дејствија – рече Дамјановски.

Нападoт кој започнал на денешен ден во далечната 1941 година кој најпрвин започнал во Белград и во кој 12.000 лица го загубиле животот, а голем дел од населението и во Македонија се здобило со инвалидитет.

За време на војната, по војната многу лица останаа цивилни инвалиди од војната, а потоа по војната од половен експлозивен материјал настрадаат голем број деца. Ова сето што го кажав од агресијата, воените дејствија и последиците од неа не предизвикаа во почетокот на формирање на сојузот да ја одбележиме оваа дата затоа што не смееме да ја заборавиме, ниту можеме, затоа што длабоки се раните од последиците на таа војна последиците од војната. И Како живи споменици на тоа големо зло кое е нанесено на човештвото предупредуваме никогаш да нема војна – изјави Душко Нешковски, претседател на Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија.

Во рамките на националното здружение има 15 меѓуопштински организации во кои членуваат 898 лица со телесен инвалидитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)