Средното училиште „Перо Наков“ во европски проект за младите

„Запознај ја Европа преку игри за млади“ е проект во организација на EURO-NET од Италија, а во него учествуваат девет училишта од Европа меѓу кои и ССОУ „Перо Наков“. Проектот се имплементира и во училишта во: Турција, Грција, Ирска, Шпанија, Италија, Романија и Португалија. Самиот проект е концепиран да одговори првенствено на потребите на учениците, меѓутоа и на наставниот кадар и преку него ќе бидат обезбедени иновативни, модерни и дигитални алатки за потребите од истражувањето. Основната цел на проектот е да се овозможи комуникација со Европската Унија и нејзините институции во форма којашто во исто време е едноставна, модерна, иновативна, непосредна и свесна.

„Проектот има за цел да развие 7 интелектуални трудови, кои што ќе бидат насочени кон поддршката на наставниците, зајакнување на профилот на наставникот, развивање иновативни практики во дигиталната ера, нови технологии и дигитални вештини. Целта на проектот е да ги поттикне учениците да веруваат повеќе во ЕУ институциите преку поголемо учество во активизмот, мотивирајќи ги да го искусат чувството дека се европски граѓани.

Идејата за создавање на проектот „Запознај ја Европа преку игри за млади“, потекнува од Италија, поточно од координаторот на проектот, организацијата EURO-NET. Оваа организација преку истражување и анализа на неколку различни училишта, констатирала дека е голема потребата за зголемување на нивото на доверба кон Европската Унија.

Проектот „Learn EU“ започна со реализација во септември 2020 година и предвидено е да трае 32 месеци, односно до април 2023 година. Меѓутоа, со оглед на новонастанатата ситуација со пандемијата, многу предвидени активности мораа да бидат одложени или оддржани виртуелно.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)