Средношколскиот бојкот спроведен делумно

Барањето на Средношколскиот пленум за бојкот на наставата, не беше спроведено во сите средни училишта во градот.  Во Гимназијата, техничкото и земјоделското училиште  настава се одвиваше делумно, додека во економското училиште немаше прекини.

Во првата смена имаше делумен бојкот на настава подоцна некои ученици се вратија и се одржа четврти час. Втората смена во која одат учениците од втора и четврта година наставата се одвива со одреден број на отсутни ученици но мислам дека во текот на вториот час ќе се вратат сите ученици на настава. Договорено е со учениците да се продолжи со настава бидејќи за еден месец е крај на годината за матурантите – вели Горан Димитриевиќ, директор на гимназијата „Гоце Делчев“

Според директорката на средното екононско училиште „Перо Наков“ Лидија Тасевска наставата се одвивала во нормален тек, додека во „Наце Буѓони“ имало најава за бојкот на наставата.Директорката додава дека за утре очекува писмена најава од учениците за сите нивни активности.

 Денеска наставата се одвиваше според предвидениот план меѓутоа по завршувањето на вториот час имав средба со претставници на ученички пленум кои кажаа дека ќе се организира бојкот на настава и дека ќе се солидаризираат со другите училишта од градот. Попладне тие ќе имаат состанок со втората смена и по тоа ќе донесат конечна одлука – објаснува Лидија Михајловска, директор на средното техничко училиште
„Наце Буѓони“.

Од утре се очекува наставата да продолжи во нормалален ред бидејќи по пристигнатиот допис од Министерството за образование и наука дел од барањата на учениците се усвоени, математиката ќе биде задолжителна само за природно математичка насока додека останатите насоки ќе имаат право на избор.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)