Средношколскиот пленум продолжува со активностите

По неколкумесечна пауза кумановските средношколци во втората половина на февруари, ќе одржат мирен протест. Ова беше договорено на денешниот генерален состанок, кој се одржа во гимназијата „Гоце Делчев“, а на кој ги презицираа следните активности на средношколскиот пленум.

-Собирот ќе се одржи пред се за да се мотивираат учениците да продолжи нашата борба за подобро образование. Настанот ќе биде проследен со повеќе активности во кои ќе учествуваат средношколците ќе има повеќе говорници а за понатамошните активности ќе известиме дополнително. Нашите барања остануваат исти, укинување на постојниот модул за екстерно тестирање и изнаоѓање на нов модел, прифатлив за сите засегнати страни и потоа моделот за полагање државна матура да остане ист како претходните години-изјави Никола Крстевски, од Средношколскиот пленум.

Претставниците на средношколскиот пленум нагласија дека остануваат на ставот дека екстерното тестирање е неефикасно и дека треба да се укине.  Во понеделник, на првиот ден од екстерното тестирање за матурантите, тие истакнаа дека два часа не можеле да го вклучат тестот, имале привремени падови на системот, технички грешки во вид на непојавување на прашања, слики, двосмислени прашања и одговори. Сметаат дека ваквите недостатоци ќе влијаат врз нивните оцени, и воедно ќе имаат поскапа партиципација на факултетите. Тие потсетија и на иницијативата на албанските средни училишта за изработка на кампања со која ќе се укаже на лошите услови на училишните згради. Нагласија дека неофицијално од надлежените добиле ветување дека во текот на годината ќе започнат со реновирање и дека тој проблем ќе биде минато. Средношколскиот пленум упати апел функционерите да останат доследни на своето ветување  и учениците да добијат подобри услови за учење.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)