Средношколците го блокираа излезот на Куманово

Со двочасовен протест на излезот од градот средношколците денеска повторно побараа од министерството за образование и наука целосно исполнување на нивните барања. Тие не се задоволни од предлогот на надлежните само годинава да се полага државна матура по ланскиот  концепт, а в година да се формираат работни групи  од средношколците и министерството кои заеднички ќе го изготват новиот концепт на полагање матура. Второто барање е укинување на екстерното тестирање за кое матурантите сметаат дека е необјективно и неверодостојно ќе ги покаже нивните знаења.

-Ние се сомневаме дека во тие работни групи министерството може да инфилтрира нивни луѓе и тие да ја конципираат државната матура така како што на нив им одговара, сметаме дека може да не завлечат многу години и многу генерации да си полагаат матура онака како што ние сметаме дека не треба. Второ сметаме дека оценката недоволен еден значи знаеме дека законски е непреодна, добиена оценка на екстерно тестирање недоволен еден влегува во свидетелство, со самото тоа при упис на факултет, факултетите може да не ни признаваат завршено средно образование бидејќи имаме недоволен еден во свидетелство, изјави Никола Крстевски, матурант во „Гоце Делчев“

-Кумановските средношколци ќе бојкотираат се додека не им се исполнат во целост нивните барања, имаат подршка од скоро сите други градови, се бојкотира скоро во сите училишта во другите градови, исто така реформите не се лоши само ако не засегаат лично, реформите се лоши доколку не чинат сами по себе затоа ќе гледаме да ги искорениме и да направиме подобро образование какво што заслужуваме ние и нашите идни генерации, изјави Зоран Андоновиќ ученик во „Перо Наков“

Откако средношколците кренаа глас против реформите во образованието, министерството првин ја повлече математиката како задолжителен предмет од државната матура, а потоа го врати и стариот концепт за полагање државна матура, но само за оваа година. Со барањата на средношколците целосно се согласува и Наставничкиот пленум.

-Ставот на Наставнички пленум е дека не постојат образовни реформи затоа што реформите не смеат да се сведат само на промена на начинот на вреднување на постигнувањата на учениците, а уште помалку на работатата на наставниците. На овој начин низ еден деградирачки тест од 30 прашања не можат и не смее министерството да дозволи последниот збор и првиот збор да го има Државниот испитен центар и вредносниот систем на лично ниво да го сведат на тест од 30 прашања кој понатаму се рефлектира и на колективно ниво. Од друга страна, министерството сосема ја маргинализираше позицијата на Бирото за развој на образование како столб на секој образовен систем во делот на наставни планови и програми, во делот на подршка на ученици, во делот на учебникарството, изјави Биљана Димковска, Наставнички пленум

На протестот се приклучија и родителите на дел од учениците. Според нив, наместо средношколците да се натоваруваат со обемна програма, првин треба да се подобрат условите во кои што учат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)