Средношколците повторно на протести

Кумановскиот средношколски пленум вчера присуствуваше на протестниот марш во Скопје, против наводната Средношколската унија која не неактивна од 2013 година, а се договори со Министерството за образование и наука математиката да не биде задолжителен предмет за полагање на државната матура. Од Куманово заминале околу 150 средношколци со оранизиран автобуски превоз од сите средни училишта во градот. Членовите на средношколсиот пленум велат дека превозот бил организиран од донации соберени од учениците и наставниците, а дека средношколците не се партиски пиони.

-Отидовме и го покажавме она што ние сметаме дека ние го заслужуваме за нашиот образовен систем. За другите градови незнам колку беше бројката но најбројни беа од Скопје,Куманово и Велес. Што се однесува за идните планови сеуште не се знае исходот од вчерашната средба откако ќе излезат со конечна одлука тогаш ќе се планираат следните чекори на средношколскиот пленум зависно од тоа дали ќе ги исполнат нашите барања кои се јасно дефинирани – објасни Никола Ивановски, член на средношколски пленум.

Средношколскиот пленум има две основни барања: да се врати стариот систем на матура и екстерното тестирање да биде ставено во мирување. Тие потенцираат дека ќе се борат се додека во јавноста не излезе официјалниот став на Министерството за образование и наука.

-Средношколскиот пленум ја повика средношколската унија да се јави во рок од 24 часа и да договори дебата со нив, поканети се сите медиуми кои сакаат да учествуваат на таа дебата. Сеуште нема одговор. Средношколскиот пленум е предводен од средношколци, состаноците се јавни може да учествува секој, ништо не се крие, не не засега кој во која политичка партија припаѓа – вели Маркус Крстев, член на средношколски пленум.

Со пароли „ Стоп за лошите реформи“ и „Образованието е мртво„, средношколците го завршија маршот пред Министреството за образование и наука.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)