Средношколците продолжија со бојкотирање на наставата

Средношколците од Куманово денеска се приклучија на бојкотот на наставата. Учениците отидоа во училиштата, но наместо да следат настава организираа вонучилишни активности: алтернативни предавања, дебати и објаснување за функционирањето на Средношколскиот пленум. Претстаниците од пленумот велат дека од трите барања што ги доставиле до МОН, само едно било делумно исполнето, поради што инсистираат на средба помеѓу Министерот и нивните претставници со цел да се пронајде решение за новите измени во образовниот систем.

-Вчера имаше состанок на кој присустваа голем дел од средношколците , кадешто се договоривме да организираме бојкот. Поради празниците, бојкот нема да има до понеделник, почнуваме од вторник кога ќе почне работната недела, вели Игор Пешевски, претставник од Интерен Средношколски Пленум Куманово.

Учениците велат дека никогаш не е доцна за превземање на мерки и искажување на нивното незадоволство и додаваат дека ваквите активности се најсуптилниот начин за искажување на револт.

-Може да констатираме дека денешниот бојкот мимаше поголем одзив. Добивме информација дека и земјоделското училиште се приклучува, така да можеме да кажеме дека сите средни училишта во градот ја бојкотираа наставата и го покажаа својот револт, истакна Никола Крстевски, претставник од Интерен Средношколски Пленум Куманово.

Средношколците информираат дека освен бојкот на наставата, пленумот нема предвидено организирање на протести и други активности од ваков тип, а со бојкотирање на настава велат дека ќе продолжат по велигденските празници, по започнување на работната недела.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)