Средношколците утре ќе протестираат

Средношколскиот пленум од Куманово утре ќе одржи протестен марш низ центарот на градот, затоа што Министерството за образование се уште не одговорило на нивните минатогодишни барања.  Маршот ќе започне во 12:15 часот од пред гиманзијата Гоце Делчев, по што средношколците ќе се упатат на Градскиот плоштад,  а ќе заврши пред Секторот за образование и наука. Тие велат дека протестите продолжуваат се додека не се смени екстерното тестирање, затоа што анамалиите влијаат врз просекот на учениците.

-Целта е екстерното тестирање или да се укине или да се измени неговиот модел, секако во менување на моделот на екстерно тестирање да учествуваат групи од средношколскиот пленум затоа што тоа има многу аномалии кои што се на штета на средношколците, потоа концептот на државна матура да остане ист за оние средношколци коишто моментално се во средното образование-изјави Никола Крстевски од Средношколски пленум.

Тие сметаат дека средношколците треба да учествуваат во моделирирање на концептот за државна матура, а законските измени треба да важат само за учениците коишто допрва треба да се запишат во средно училиште.  На протестот е најавено присуство на средношколци од четирите средни училишта од градот, како и од албанските паралелки

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)