Средношколци на тестирање за претприемнички вештини

Ученици од средното стручно училиште „ Перо Наков“  од економската насока денеска се тестираа во рамките на Проектот за поддршка на претприемничкото образование во Европа и Евроазија, спроведуван од страна на Џуниор Ачивмент Македонија. Целта е  да се инспирираат и подготват  младите луѓе да успеат во глобалната економија, преку развивање и спроведување на програми за претприемничко образование, финансиска писменост и креирање нови работни места.  Учеството во тестирањето на учениците им дава можност да се стекнат со уникатен сертификат за претприемнички вештини, признаен во цела Европа.  

-Се тестираат за серификатот ESP , сертификат со кој се потврдуваат претприемничките  способности, квалификации и во нашето училиште првпат се спроведува . Се однесува на тестирање на ученици од 15- 19 години , се тестира нивната финансиска писменост , нивните знаења од областа на економијата и од деловното работење на претпријатијата. Овој сертификат е кофинанасиран од Европската комисија , а програмата за сертифицирање е изработена од страна на Австриската стопанска комора во соработка со проектот, изјави Фросина Николовска, професор по економски предмети

Со програмата Ученичка компанија во  „Перо Наков“  се опфатени само ученици од четврта година.

-Моментално 23 земји го работат сертификатот , го верификуваат , а  на учениците ќе им помогне сертификатот во нивните претприемачки вештини , првин самите да си ги видат , дали имаат, до каде се, а како второ доколку аплицираат за работа надвор од РМ ќе имаат многу голем плус во нивните квалификации. Вклучени се сите средни стручни училишта кои што имплементираат програма на Ученичка компанија. Во нашето училиште програма Ученичка компанија слуша четврта година , ученици од економска струка, но во сертифицирање се вклучени сите ученици од 15 до 19 години бидејќи според програмите на практична настава и ученици од втора година имаат насоки за работи за Ученичка компанија, изјави Ивана Близнаковска Доцевска наставник по група економски предмети

Проектот за поддршка на претпримничкото образование е започнат  во октомври 2017-та. Проектот ги поттикнува партнерствата помеѓу бизнисите и училиштата со цел да создаде генерација млади луѓе, инспирирани да применуваат иновативни пристапи и техники во нивните училишни активности и да бидат подготвени да се соочат со сите предизвици на идното работно место. До сега се обучени и сертифицирани  67 наставници од 37 средни училишта низ Македонија, за менторство во програмата на Џуниор Ачивмент за ученичка компанија, охрабрувајќи ги да се обидат, експериментираат и споделат дополнителни методи и техники, кои ги користат при предавање претприемништво за време на училишната година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)