Средношколци од Куманово заминаа на протест во Скопје

Околу 350 средношколци од Куманово утрово со седум автобуси заминаа во Скопје, да го подржат протестот поради новите реформи во образовниот систем. Тие ќе протестираат пред Владата и Министерството за образование и наука, се додека надлежните не ги слушнат нивните барања.

-Веќе имаме протестирано во Скопје, упатуваме апел до учениците од другите градови да доаѓаат и собирите да бидат помасовни. Има најава дека голем број наставници од Скопје ќе учествуваат на маршот, од Куманово ќе одат наставници но индивидуално кој како може и како ќе се организира-изјави Никола Крстевски, од Средношколски пленум.

Тие истакнаа дека доколку и по овој протест не добијат одговор од надлежните, планираат да свикаат генерален пленум во Скопје на ниво на државата, на кој ќе одлучат за следните активности.

-Значи ние две недели имаме бојкот на настава, има изминато два месеци како имаме испратено барања до министерството и од тогаш и почнаа нашите дејстувања. Се надевам дека нашите дејствувања ќе вродат со плод-додаде тој.

Една од причините поради која што одлучија да го прекинат бојкотот и  делумно да ја слушаат наставата е државната матура. Но средношколците велат дека тоа нема да ги спречи и ќе ги радикализираат протестите. Инаку тие бараат да се  стави во мирување законот за екстерно тестирање, како и да се врати стариот начин на полагање државна матура. Матурантите пак бараат четирите предмети од матурата да се полагаат во еден дел и да не се делат на писмено и електронско полагање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)