Средношколци се вратија од пракса во Шпанија

Во рамките на проектот „Имплементација на практичната настава во образовниот процес“ преку соработка со бизнис секторот  и маркетинг агенциите, професори и  ученици  од средното економско училиште престојуваа во Шпанија, во градот Гранада. Оваа активност е дел од фаза на проектот Мобилност, информираат надлежните.  Основна цел на  проектот е учење на нови начини како да се реализра практичната настава надвор од училиштето, односно во компани, во фирми или маркетинг агенции.

-Проектот  е поддржан од Националната агенција  за европски образовни програми и мобилност. Проектот е навистина важен за нашето училиште и се состои во две активности, првата опфаќа 9 професори, а втората 18 ученици.  Учениците се од трета година и се од економска, правна и трговска струка, ги има од сите профили, економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, банкарски техничар, изјави Бојана Ивановска, професор по англиски јазик

Практичната настава е нешто што навистина е важно за секој ученик. Нашата цел беше да видиме како училиштата во Гранада ја изведуваат практичната настава, како ги договараат фирмите во кои што учениците ќе одат на пракса и на кој начин ние сето тоа можеме да го примениме кај нас, вели  Ивановска.

-Друга носечка цел на проектот беше да научиме нови икт -алатки коишто можат да се искористат за наставниот процес. Сето тоа ќе подразбира и модернизирање на наставата и поголема заинтерсираност, мотивација и ажурност на учениците, за реализација на наставните единици. Мобилноста во Шпанија навистина ни овозможи запознавање со еден нов образовен сиситем каков што постои во Шпанија , при тоа имавме можност да размениме различни професионални, но и меѓукултурни искуства со колегите таму, изјави Ивановска.

Учениците се задоволни од сработеното во Гранада и сметаат дека ова искуство ќе им биде од голема корист во реализирање на слични проекти во иднина.

За време на престојот во Шпанија, професорите посетувале обуки  за организација и реализција на практичната настава, но имале прилика да посетат и три училишта  и да присуствуваат  на часови по маркетинг, менаџмент и бизнис. Ивановска го издвојува како интересно он лајн предавањето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)