Средношколци се запознаа со функционирањето на ТВ Плус

Средношколци од економското училиште „Перо Наков“ денеска ја посетија Телевизија Плус, во рамки на петтиот Медиумски ден кој го организира Институтот за комуникациски студии,.

Учениците се запознаа со начинот на подготвување на вестите, почитувањето на новинарските стандарди, предизвиците со кои што секојдневно се соочуваат новинарите на терен, но и со улогата на медиумот во општеството.

Главниот уредник, Драган Ивановски зборуваше со нив за медиумската писменост, препознавањето на лажните вести, но и со темите кои што ги обработува кумановската телевизија.

Тој укажа дека во информативната програма новинарите освен што ги следат секојдневните настани, од областа на политиката, здравството, образованието, културата и спортот, особено внимание посветуваат и на теми посветени на климатските промени, меѓу кои аерозагадувањето, отпадот, дивите депонии.

-Ние се обидуваме и тука да делуваме како телевизија, да реагираме на сите појави кои до нас ги доставуваат граѓаните, но и се она што сами ќе го воочиме иако реално немаме доволно капацитет да можеме да го покриеме целиот град со сите недостатоци затоа најчесто реагираме на она што граѓаните ќе го пријават до нас и затоа апелирам и понатаму да пријавуваат за сите појави, посебно поврзани со загадувањето, бидејќи е многу присутно. Во нашите емисии, посебно во дневникот често информираме за дивите депонии се обидуваме со тоа надлежните да реагираат, но и да ги едуцираме граѓаните дека не треба да го прават тоа, бидејќи иако надлежните реагираа во неколку случаи, истите депонии се појавуваат повторно на исти места. Им укажаме на младите дека и тие самите можат да бидат на некој начин медиум, па со сопствени примери и со помош на социјалните медиуми кои денес се достапни за сите можат да придонесат загадувањето да се намали со конкретен пример-истакна тој.

Учениците истакнаа дека се среќни што можат одблизу да се запознаат со функционирање на една локална телевизија и работата на новинарите, снимателите, монтажерите.

-Интересно е немам учествувано во вакви работилници, треба да се информираме, да знаеме за начините на информирање, комуникацијата е важна и квалитетот на информациите што ги даваме меѓу себе се важни-истакна една ученичка.

-На вестите не, но со емисиите и рекламите до некаде сум запознаена, какви се постапките на подготовка. Мислам дека би можела да бидам водител на некоја емисија-дополни друга ученичка.

-Јас сум прв пат досега немам вакво искуство и ова е прв пат да се најдам на место каде што се подготвуваат вести или каква било емисија, прв пат пред камерна и е интересно-нагласи средношкола од „Перо Наков“.

Медиумскиот ден кој го организира Институтот за комуникациски студии, годинава е дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)