Средношколци ја посетија ТВ Плус

Средношколци од економското училиште „Перо Наков“ денеска ја посетија Телевизија Плус. Тие се запознаат со улогата на медиумите во едно општество, начинот на функционирање и предизвиците со кои што се соочуваат новинарите секојдневно на терен. Главниот уредник на телевизијата Драган Ивановски ги информираше на кој начин се создаваат вестите, новинарските стандарди и уредувачката политика. Учениците истакнаа дека се среќни што можат одблизу да се запознаат со функционирање на една локална телевизија и работата на новинарите, снимателите, монтажерите.

-Јас се занимавам и со глума би сакал да се обидам како новинар, имам таква иницијатива за создавање на емисија, за повикување на одредени личности, доколку се прави овде во локална телевизија како ТВ Плус, би викнал млади кои се поекспонирани во јавноста коишто ги знае градот, да видиме за нивните активности, со што се занимаваат-истакна Николај Павловски ученик СОУ Перо Наков.

-Имам прекрасен впечаток, тоа е најинтересниот дел и за тоа дојдовме да видиме на кој начин работите, какви се студијата тука-додаде Бранислав Спасовски ученик СОУ Перо Наков.

Посетата е по повод Медиумски ден, кој го организираше Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во рамки на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации, коалиција за медиумска писменост, кој се реализира во партнерство со весникот „Нова Македонија“ и Институтот за различности во медиумите.

Коментари

коментар(и)