Дваесетина членови на детско младинскиот ансамбл СРМА под раководство на кореографот Марјан Бошковски ноќеска заминаа во Шведска каде што ќе учествуваат на меѓународен фолклорен фестивал за деца. Групата од СРМА е единствената во државата која што настапува на фестивалот и ќе ја презентира македонската култура под мотото „Македонска култура во Шведска“ , информира Бошковски.
-Ќе ја презентираме македонската култура под мотото „Македонска култура во Шведска “ благодарение на ансамблот „Гоце Делчев“ од Гетеборг и македонското здружение што не покани на овој фестивал. Главната манифестација ќе се одржи во Трелебори. Во текот на престојот ќе посетиме три града, Малме, Гетеборг и Трелебори. Нашите млади амбасадори ќе земат учество и мислам дека македонскиот фолколор, македонската култура ќе ја презентираме во најдобро светло, изјави Марјан Бошковски, ДМА „СРМА“
Учесниците се надеваат дека на најдобар можен начин преку оро, песна и игра ќе ја презентираат македонската култура во оваа скандинавска држава.
Членовите на СРМА неодамна македонскиот фолклор го презентираа и во Република Турција ,во збратимената општина со Куманово, Чорлу, а посетата беше поддржана од локалната самоуправа.
Инаку, детско младинскиот ансамбл СРМА постои повеќе од 35 години, основан е во поранешниот Дом на пионери „29 Ноември“, а сега матична форма на центарот за култура „Трајко Прокопиев“.