Српска заедница го одбележа „6-ти април“

Со положување цвеќе и пригоден говор пред Споменикот на авијатичари во населбата Долно Којнаре, српската заедница го одбележа  Денот на бомбардирање на аеродромот Аџитепе, во близина на Куманово. Бомбардирањето се случило на 6-ти април 1941 година, во раните утрински часови кога била нападната војската на Кралството Југославија од фашистичка Германија. Претседателката на српската заедница во Македонија, Гордана Јовиќ Стојковска истакна дека нападот уследил по одбивањето на Југославија да потпише капитулација.

-На најподол начин на бомбардирање од небо нападнати се објекти во рани утрински часови, така што не беше можна евакуација и одбрана. Нападнати се цели кои што воопшто не беа воени објекти. Изгоре библиотека во Белград, установи кои не беа воени цели, но најстрашни се цивилните жртви-наведе таа.

Таа нагласи дека од овој ден всушност започнала Втората светска војна  на овие простори. Според неа 6-ти април треба да се помни и одбележува, бидејќи го означува тежнеењето кон слободата.

-Ние во Куманово одбележуваме значаен момент од таа војна, односно слободарскиот дух на југословенските воени офицери и пилот, кои полетале во небо знаејќи дека немаат можност да го одбранат и да го спречат она што се случувало, бидејќи германски авиони  биле повеќе подготвени и поопремени. Тие полетале во небо и  на некој начин биле камиказе, бидејќи урнале четири авиони-додаде претседателката на Српската заедница во Куманово.

Инаку на одбележувањето присуствуваа членови на српските партии во Македонија, српски здруженија и невладини организации.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)