Српска литература за КУД „Српски вез“

Културно уметничкото друштво „Српски вез“  е збогатено со 1000 книги на српски јазик , подарок од „Клуб пословних људи“  од Белград,  а за членовите од малата и средната група се донирани и седумдесетина училишни прибори, како и лап топ компјутер наменет за канцеларијата која се опремува во просториите на центарот за култура. Донаторите од Србија велат дека ова е само почеток на нивната соработка со „Српски вез“ .

-Со оглед на тоа што Српски вез трае 4 години , идејата која е препознатлива и квалитетна секако дека дојде и до нас и ние сакавме на овој начин да го поддржиме. Ова е само од низата активности кои ќе придонесат до тоа да српскиот идентитет секако низ култура и низ квалитетни работи, образование и слично да дојде до израз и во оваа средина во која се наоѓа нашето национално малцинство во РМ  и со самото тоа се дава апсолутна поддршка и на друштвото и  на народот. Сигурен сум дека соработката ќе продолжи, изјави Михајло Петровиќ,  „Клуб пословних људи“  – Белград, Р.Србија

Претседателот на КУД „Српски вез“,  Далибор Китановиќ  смета дека подарената литература на српски јазик уште повеќе ќе го збогати книжниот фонд со кој веќе располага друштвото.

– Во септември прославивме 4 години од формирањето.  Ова е како еден подарок за нашето друштво од Србија , бидејќи како што кажа и Михајло тие препознаа добра работа, напредок и битноста на ова друштво за зачувување на српската традиција. Енциклопедија, белетристика и некои други тематики  во книжен фонд,  тоа е една сериозна работа бидејќи ние во суштина сакавме да направиме една книжевна секција,  библиотека на српски јазик , досега објавивме две книги од наши членки, ова е уште еден ветер во леѓа да ја истуркаме таа приказна бидејќи е битно ако сакаме да опстанеме битно е да ги  сочуваме јазикот и културата итн, изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“

Освен со „Клуб пословних људи“ , „Српски вез“  соработува и со повеќе културно уметнички друштва од сите делови на Србија, а со дел од нив веќе се договараат и заеднички активности до крајот на годинава и почетокот на 2018-та, како што се настапи и концерти на членовите на „Српски вез“ во Србија. „Српски вез“  функционира повеќе од 4 години и како младо друштво, соработката со српските културно уметнички друштва ќе ја искористи првенствено за стекнување на нови искуства , но и размена на досегашните, се со цел зачувување на српскиот јазик и културата во Куманово, односно на територијата на РМ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)