Српска странка го одбележа празникот Сретение Господово

Претставници и членови на Српската странка во Македонија денеска  го одбележаа христијанскиот празник  Сретение Господово, но и Денот на независноста на Србија, кој е значаен по три настани. На 15-ти февруари 1804 година започнало Првото српско востание, 1835-та е донесен првиот Устав ,а денеска е и Денот на војската на оваа република.

-Денеска ќе биде одбележана нашата слава Сретение Господово, постојат бројни верувања едно од нив е дека се сретнале Господ Исус Христос и еден од прочуените негови ученици,  поради тоа како што знаеме Богородица, Исус и Јосиф заминале во храм во Ерусалим и поради тоа овој негов ученик морал да присуствува таму бидејќи живеел 365 години и сакал да се упокои но не можел се додека не го видел него-истакна Мирослав Јовановиќ, претседател на Српска странка во Македонија.

Овогодишен кум на славата е Ненад Ѓорѓевиќ, а следната година кум ќе биде Ненад Николиќ. На прославата присустваа и претставници на општина Трговиште од Република Србија.

-Денеска тука присуствуваат пет членови на општината. Ова е голем ден за Србија и Србите во Македонија затоа и треба да продолжиме со соработката како што беше досега и да биде уште подобра. Со цел почитување на сите нас Србите каде и да се наоѓаме. Пријателството помеѓу нашата општина и српската партија во Македонија е големо трае долго од самото основање и се надеваме дека ќе трае уште подолго-посочи Александар Колиќ претседател на Совет на општина во Трговиште.

Инаку ова е трета година по ред како Српската страна ја одбележа славата Сретение Господово.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)