Српскиот министер за образование ги посети училиштата

Министерот за образование, наука и технолошки развој на Република Србија, Младен Шарчевиќ, денеска заедно со амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ги посети училиштата во кои се изведува редовна настава на српски јазик, „Браќа Рибар“ во Табановце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане. На првачињата им подари комплет учебници на српски јазик за новата учебна година. Министерот истакна дека е задоволен од интересот за соработка со македонската страна. Посочи дека Србија има јасни договори за подобрување на состојбата на малцинствата.

-Она што е важно е помошта која што ние ќе им ја дадеме на колегите од македонското Министерството за образование и наука која веќе им ја приживме на колегите од Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Бугарија и Турција. Тоа се процеси на брза дигитализација, отворање на подглавјата 25 и 26 кои ние веќе ги затворивме се добра европска пракса и се однесуваат на образованието и науката. Така и подглавјето 23 кое е многу важно за приближување на Македонија кон членството во ЕУ го подразбира решавањето на прашањата на малцинството. Има тука многу работа, мора да се дизајнираат закони кои зборуваат за учебници, начинот на превод, прилагодување на пример на српскиот автор кон македнскиот корикулум и тоа ќе го правиме-истакна тој.

Српскиот министер очекува до октомври да биде рафикуван договорот за соработка помеѓу Македонија и Србија, во областа на образованието и науката.

-Немаме образование за средно училиште ниту за македонската заедница во Србија ниту за српската заедница во Македонија и мислам дека тоа е следниот чекор за кој ќе зборуваме.  Основото образование како што гледате е опфатено,оваа година имаме зголемување на одделенијата каде што наставата се води на македонски, тоа се девет училишта во пет локални самоуправи. Ќе видиме дали е можно и тоа да се подобри и зголеми, а овде во Македонија ова се смета за почеток. Важно е што владата го прифати тој статус, малцинствата не само српската имаат што поквалитетни услови. А секако да се зборува и како да се подобрат општите услови, наставата, соработката на стручните лица, наставниците, екскурзии, двете држави се полноправни членови на еразмус плус програмата има и други можности-дополни тој.

Шарчевиќ е оптимист дека со заеднички сили на двете држави може да се придонесе и за подобри услови во училиштата. Веќе е формиран тим кој ќе работи и заеднички ќе ги утврдува приоритетите. Инаку српскиот министер е во дводневна посета на Македонија, а вчера присуствуваше и на отворањето на новото основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)