Стабилна состојбата на мигрантите повредени во сообраќајка кај Градиште

Дваесет и шест мигранти се повредени во сообраќајка, кога возило во кое се превезувале излетало од патот.  Незгодата се случила утринава околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај месноста викана „Градиште“, кога од коловозот излетало товартно моторно возило „Фолваген“ во кое се превезувале, а возачот е во бегство.

Мигрантите, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак (седум биле малолетни лица),  со возило на Итната медицинска помош биле пренесени на Хируршкото одделение во Општа болница Куманово.

Од Хируршкото одделение при Општа Болница Куманово информираат дека само еден од пацинетите завршил со тешки телесни повреди, и е испратен на клиника за трауматологија во Скопје, а останатите по укажаната помош ќе бидат пуштени на домашно лекување.

„26 пациенти се примени на нашето одделение, сите пациенти се прегледани, направен е рендген и се што е потребно, констатирани се телесни повреди на 25 пацинети, кои се опсервирани, дадена е аналгетска терапија, а еден пацинет е испратен на Клиника за трауматологија. Малолетните лица се во добра општа состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување“ посочи Љубинка Дамјановска Крстиќ, хирург Општа болница Куманово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипата од СВР Куманово. 

Министерството за внатрешни работи информира дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)