Старо Нагоричане ќе се збратими со Општина Свинита

Пријателството помеѓу Општина Старо Нагоричане и Општина Свинита од Романија резултираше со потпишување на меморандум за соработка, а ќе заврши со збратимување на двата града на почетокот на август. Имено градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски на иницијатива на македонскиот амбасадор Панде Лазаровски минатата недела беше во посета на Романија. Тој ја искористил можноста за збратимување со Свинита, а ги посетил Општините Анина и Молдова Нова.

-Ова е едно ново искуство на Општина Старо Нагоричане  и прекрасно бевме примени од нашите браќа во Романија, така што за мене беше убаво искуство се надевам дека во иднина  и со оваа општина ќе размениме искуства-наведе тој.

Градоначалникот раскажа дека при посетата размениле искуства во област на образованието, науката, спортот, како и учество во заеднички проекти финансирани од Европската унија.

-Знаеме дека Романија е на некој начин и примена во Европската унија, ние сме земја кандидат, така што мислам дека ќе имаме отворен простор за да можеме да учествуваме на заеднички проекти. Исто се разговараше за економијата, за поврзување на бизнис секторот-додаде Стојковски.

Тој се надева дека со Свинита, но и со останатите збратимени општини, како Судрулица, Горни Милановац и Вождовац, ќе имаат убава соработка. Истакна дека планираат и во идинина со секоја добронамерна општина да воспостават контакти, а  веќе се во разговори со општина Беране од Црна Гора.

 

 

Коментари

коментар(и)