Стартуваше е -наплата на сметките за вода

Граѓаните на Куманово веќе имаат можност сметките за потрошена вода да ги плаќаат електронски со дебитна или кредитна картичка без провизија. за само три дена со електронската наплата на сметките јавното претпријатие „Водовод“ обезбеди околу 15.000 денари. За почеток, опцијата за електронско плаќање е овозможена само за физички лица, додека на процесот кој ќе овоможи плаќање на фактури за потрошена вода online за правните лица веќе се работи, информираат од службата за наплата во „Водовод“

-Процедурата е многу едноставна. На веб страницата e-naplata.vodovod-kumanovo.com.mk за регистрација на корисник е потребно да се внесе валидна електронска адреса, лозинка, кориснички број (шифра) на корисник и име и презиме на корисник. За секое следно најавување потребно е да се внесат единствено валидна е-mail адреса и лозинка. По извршеното плаќање корисникот добива на својата електронска адреса потврда за извршено успешно плаќање со сите детални информации за платени сметки, вкупен наплатен износ и трансакциски број, изјави Оливер Стојмановски, шеф на служба за наплата од „Водовод“.

Надлежните посочуваат дека е подобрена наплатата на сметките за вода споредбено со претходните години.

„Тековната сметка ја плаќаат од 56 до 57 проценти од корисниците, а наплатата за една тековна година изнесува околу 175.000.000 денари, односно 14 до 14,5 милиони на месечно ниво“, појаснува Стојмановски. 

ЈП Водовод има над 28.000 корисници, а најважно според надлежните сметките за потрошена вода се плаќаат редовно за да се избегнат дополнителните трошоци.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)