Стартува Дневник на ТВ Плус

Од утре ТВ Плус започнува со емитување на информативна програма. Во термините од 18 и 22 часот гледачите ќе можат да го проследат телевизискиот Дневник во кој ќе бидат обработени сите нови и актуелни содржини. Дневникот ќе се емитува од понеделник до сабота исполнет со  објективни, навремени и точни информации. Екипата на ТВ Плус очекува да го задржи вниманието на аудиториумот.

-Како нов медиум ќе дадеме сè од себе да се наметнеме кај гледачите со својата професионалност и објективност, ветуваме дека секогаш ќе бидеме на страна на граѓаните и нивните проблеми – објаснува Драган Ивановски, главен и одговорен уредник на ТВ Плус.

Во програмата на ТВ Плус покрај Дневникот ќе бидат реализирани и други информативни емисии.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)