Стартува изградбата на канализациона мрежа

Идната недела започнуваат интензивни градежни работи околу реконструкција на постоечката и изградба на нова канализациона мрежа на подрачјето на Куманово. Механизацијата на струмичката фирма Жикол веќе е на терен во селото Речица каде што наредниот период ќе се работи на изградба на колектор. Решението за градба е правосилно од четврток, неделава по што веднаш започнале  подготвителните работи околу реализација на проектот.

-Тоа е проект на ЕБРД која три години не го пушташе,  се смилуваа сега,  најверојатно се тактизираше  со изборниот процес,  тоа е исто така капитална инвестиција –решавање на канализациона мрежа во Речица, изјави Зоран Дамајновски, градоначалник на Куманово

Проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Куманово“ во вредност од 4,2 милиони евра опфаќа 26 километри канализација. Проектот се реализира со финансиски средства преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош – ИПА и е предвиден во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 и кофинансиран од Буџетот на Република Македонија.

-Веќе се добиени сите потребни дозволи и решенија од страна и на МВР и на сите останати институции, се надеваме од понеделник дека ќе отвориме фронт во Гладно поле, улица Дули и централен дел  на градот,   исто фирмата Жикол е изберена што ќе работи од страна на министерство за животна средина , така што интензивни градежни работи очекуваме да почнат од идната недела, изјави Горан Стојковски, директор на ЈП „ Водовод“

-Ги добивме сите сообраќајни согласности , станува збор за 26 или 27 километри во опсек на реконструкција на постоечката и изградба на нова канализациона мрежа, ИПА проект добиен од Брисел, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Се предвидува проектот да биде готов до крајот на 2017-та година. Инаку, во меѓувреме општина Куманово чека зелено светло за уште два проекта преку   средства на Европска банка за обнова и развој. Во првиот случај станува збор за 10.000 протокомери и дефектомери на јавното претпријатие Водовод во вредност од 1.700.000 евра, со што ќе се обезбеди комплетна слика за потрошувачка на водата , а вториот проект е завршување на канализационата мрежа во селото Тромеѓа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)