Стартува проектот „FEMTERPRISE “

femterpriseСтартува проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавањето на општествените претпријатија, преку зајакнување на претприемачки потенцијал на младите жени”, ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија-Македонија.

На 17.10.2016 година Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, во својство на Управен орган на Интеррег – ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија- Македонија и Здружението на жени претприемачи “УНИКУМ-кос” од Куманово , Македонија во својство на водечки партнер склучи договор за помош №РД-02-29-221 / 17.10.2016 со што се означи почетокот на проектот “FEMTERPRISE – Поттикнување на создавањето на општественитепретпријатија, преку зајакнување на претприемачки потенцијал на млади жени”.

Целта на проектот FEMTERPRISE е да се подобрат условите за развој на бизнисот во прекуграничната област со примена на иновативен и  неформален пристап за зајакнување на претприемачкиот капацитет на жени претприемачи на возраст од 18-29 и поттикнување на создавање на социјални претпријатија. Бугарскиот партнер во проектот е Вива Пауталија асоцијација од Ќустендил, Бугарија, во својство на партнер №2.

FEMTERPRISE ќе придонесе за подобрување на конкурентноста на регионалните бизниси во прекуграничната област на Бугарија и Македонија, преку: 1) Воспоставување на одржлива прекугранична FEMTERPRISE мрежа на жените претприемачи; 2) Зајакнување на претприемачките капацитети и создавање на можности за професионална и социјална реализација на младите жени претприемачи; 3) Развојна FEMTERPRISE платформа – иновативна онлајн алатка за градење на капацитетите, менторство и вмрежување помеѓу жени претприемачи, ментори, потенцијални клиенти и инвеститори; 4) Потикнување и создавање на женски социјални претпријатија во регионот; 5) Промовирање на претприемничка култура и социјално претприемништво.

Вкупниот буџет на операцијата е 110 217,35 евра, од кои 93 684,73 евра претставува придонес на ЕУ преку ИПА фондовите, 9 559,87 евра претставува бугарскиот национален јавен придонес и 6 972,75 евра претставува национaлен придонес на Републиа Македонија. Периодот на спроведување на проектот е 15 месеци.

Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег-ИПА
Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)