Степ аеробик интересен за кумановки

Кумановки се повеќе водат сметка за здравиот живот и се почесто одвојуваат дел од своето слободно време за спортување. Еден од поинтерeсните начини да се дојде до саканата форма и физички изглед е вежбање на подлога или степ аеробик. Жените што го практикуваат овој спорт, велат дека му даваат предност затоа што се изведува во група, со динамична музика и различна кореографија. Ивана Бојковска е инструкторката по степ аеробик, која седум години професионално се занимава со овој спорт. Таа вели дека заинтересираноста на кумановки за оваа танчерско-фитнес диспциплина е голема, поради квалитетот на вежбање, но и брзите резултати.

-Јас немам дефиниција за степ и затоа секогаш на луѓето им велам дојдете да видите, да пробате што е степ, а знам дека на секој му одговара. Степ е аеробик кој е наменети за сите и почетници кои што се и професионално без разлика на полот, на годините. Се вежба на степ подлога се прават комбинации од вежби, како на еден степеник искачување, има безброј вежби кои може да се комбинираат, много е забавно-вели таа.

Инструкторката наведе дека само оние лица кои што имаат изграден карактер и кои што вежбаат долго и напорно, може да ги остварат посакуваните резултати.  Таа додаде дека несакани последици од тренингот не може да има, туку само бенефити, бидејќи веднаш се реагира доколку некој вежба погрешно.

-Има секакви луѓе, кои што имаат замислено какво тело сакаат да имаат, оној што сака да изгледа свежо, да има поголема кондиција, они што сакаат да дојдат само за да се релаксираат-додаде таа.

Ослободување од негативната енергија, зголемување на менталната концетрација како и подобар физички изглед се дел од причините, поради кои што се повеќе кумановки се одлучуваат да применуваат степ аеробик.

-Пред се позитивна енергија, споделување искуство со луѓе кои што делат ист интерес, целосно ослободување од негативната енергија, подобро се чувствувам, попозитивно, поактивно, зголемување на менталната концентрација, многу позитивни работи-изјавија анкетираните.

Инаку вежбањето степ ги подобрува кардиоваскуларните и респираторните функции на организмот, го намалува масното ткиво, ја подобрува циркулацијата и влијае врз подобрување на општата здравствена состојба.

Коментари

коментар(и)