Стечајните работници најавуваат нови протести

Нов протест пред Владата на РМ најавуваат членовите на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок  „УНИТ“  од Куманово. Обесправените работници уште еднаш ќе го кренат гласот и ќе побараат од надлежните решавање на нивниот статус.

– Донесовме одлука после 15 март да излеземе на протест за да покажеме дека и ние постоиме. Сите се борат за своите права, студентите за своите, хонорарците за своите придонеси, а ние што ништо не земаме со години.  редно и ние да кренеме глас да кажеме дека постоиме, дека има живи стечајци и да побараме спас, да побараме да се згрижи конечно оваа категорија на грагани, изјави Лилјана Георгиевска, претседател на Здружение на стечајни работници и технолошки вишок „Унит“

Протестот како што велат од здружението ќе заврши симболично со поставување на штандови за собирање потписи со кои стечајците ќе побараат подршка за изгласување на закон со кој на оваа категорија грагани ќе им бидат обезбедени по шест илјади денари месечно. Инаку, голем дел од нив се жалат дека живеат без приходи, дури и без социјална помош.

-Од 2004 година никој не ме праша дали имам или немам, и тоа што го имав, социјалното од 2.000 денари сега ми е укинато поради еднократната парична помош што ми ја даде општината за мојата сопруга која е во лоша здравствена состојба, вели Али Османи, стечаен работник

– Од мене апел – ако фирмите одат на тендер апелирам во име на стечајците од АД  Кен и од фирмите кои беа во стечај да одат на тендер и да бидат вработени стечајните работници во фирмите кога ке се продадат изјави Синиша Маневски стечаен работник

Во Куманово живеат околу 1300 стечајни работници. За разлика од порано бројката е намалена како резултат на зголемен морталитет на оваа категорија граѓани.

 

Коментари

коментар(и)