Стечајните работници се надеваат на поддршка од граѓаните

Стечајните работници од Куманово, денеска на градскиот плоштад собираа потписи кои ќе ги достават до Владата на Република Македонија, со цел да се разреши нивниот статус. Тие се револтирани поради тоа што не наишле на никаков одговор по протестот во Скопје.

– Се собираат потписи да се носат во Владата, да не признаат како стечајни работници и да не обештетат. Ништо не постигнавме со протестот. Не сакаа да не примат. До сега имаме соберено 139 потписи, се очекува да се соберат најмалце уште 100. Некои не поддржуваат, некои не сакаат, но ние не се откажуваме изјави Деска Смилевска, стечаен работник.

Ова е веќе втор ден како стечајните работници собираат потписи, а со оваа активност ќе продолжат и утре.

-Сакам да ги поддржувам и верувам во нив . Сакам и целиот народ да ги поддржи.  Јас за сите го давам мојот глас, изјави еден од граѓаните кои се потпишаа.

Стечајните работници имаат доверба во своите сограѓани и ги повикуваат сите оние кои ги подржуваат, да го дадат својот потпис. Тие велат дека со протестите до сега не успејале да постигнат ништо и поради тоа немаат планирано такви активности во поскоро време.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)