Стечајците ги блокираа влезот и излезот на градот

Стечајните работни од здружението УНИТ  денеска ги блокираа влезот и излезот на Куманово кон Скопје, наместо како што беше најавено деновиве протестот да се организира на наплатната станица Романовце со блокирање на меѓународниот сообраќај. Оваа одлука е донесена откако претседателката на УНИТ и координаторот Али Османи биле повикани во полициската станица и им било упосочено дека таква блокада не е законска, а дека последиците ќе ги сносат токму тие двајца.

-Забрането ни е, од страна на полицијата ни беше кажано да застанеме тука и заради транспарентност на овие полицајци. Нема на ова да остане, најавуваме  протестен марш од Куманово кон  Скопје наредната недела, бидејќи е ред  државата да го реши прашањето на стечајните работници, изјави Лилјана Георгиевска, Здружение „УНИТ“

Стечајните работници се револтирани бидејќи повеќе од една деценија одат по улиците низ држќавата барајќи ги своите права , но никој не се залага да им го реши статусот.

-Непослушност граѓанска ќе направиме. Со години ниту невладиниот  сектор, ниту опозицијата, ниту пак позицијата  никој не не спомна. Од 2.600  стечајни работници стигнавме до 1.300 , речиси никој не дочека пензија а и тие што дочекаат еден месец ја користат и толку , изјави Георгиевска.

Барањата на стечајните работници се одамна познати. Бараат државата да им обезбеди по 6.000 денари месечен надомест до пензионирање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)