Стечајците ги обновуваат документите за субвенции

Стечајците од здружението УНИТ до 31-ви месецов треба да достават документи, како и претходните четири години, за да продолжат да ги користат субвенциите за вода, смет и превоз. Од здружението очекуваат 960 нивни членови да ги искористат овие поволности.

-На секои 6 месеци обновуваме документација затоа што се јавуваат пензионери или инвалидски пензии така што мораме да ги прочистуваме списоците. Вработувања нема но имаме пензионери кои ќе си одат во пензија редовно. 960 стечајци примаат така што сега во овој момент имаме 10-ина кои ќе одат во пензија но имаме старо-нови стечајни работници кои ќе ги вметнеме да земаат. Кога велам старо-нови тие се тука но поради некоја причина финансиски биле покриени така што не користеле субвенции, но сега останати без работа не можат да заработат ниту приватно никаде, ќе ги вметнеме во список така што таа иста бројка ќе остане-нагласи Лилјана Георгиевска, УНИТ.

Георгиевска истакна дека само кумановските стечајци имаат можност да ги користат овие бенефиции. Таа додаде дека иако испратиле барања и разговарале со градоначалниците на другите градови, стечајните работници не се ослободени од плаќ ање комуналии.

-И во Струмица е градоначалник од СДСМ, но за жал таму стечајците ги немаaт овие бенефиции, таму пак се покриени со пакети со храна, за жал само во градовите каде што градоначалник е од СДСМ се пружа помош на оваа категорија на работници. Јас можам да кажам дека на годишно ниво најмалку 500 евра ни спасуваат, тоа не е мала сума за потценување, туку голема помош за нас, како што немаме ниту денар во џеб-додаде таа.

Корисниците на овие субвенции документите треба да ги достават  во секторот за социјална заштита при Општина Куманово.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)