Стечајците на протести пред државните институции

Стечајните работници од здружението „Унит“ во четврток ќе протестираат пред Владата, министерствата за труд и социјална политика и за финансии. Тие од надлежните бараат да ги обештетат и да ги вработат, бидејќи како што велат, секојдневно се соочуваат со финансиски потешкотии и едвај сврзуваат крај со крај.

-Ќе протестираме по еден час пред Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии, ќе ги изнесеме нашите барања и ќе бараме прием, потоа ќе продолжиме кон владата.  Бараме жените на педесет и осум години и мажите на шеесет години да бидат обештетени до пензионирање, да се обештетат стечајните работници, а потоа нека не вработуваат етапно-вели Љиљана Георгиевска, претседател на „Унит“.

Од понеделник  здружението најавува поставување на штандови за собирање на потписи за поддршка на стечајните работници кои подоцна ќе бидат доставени до Уставниот суд на Р.Македонија со цел да се реши нивното долгогодишно егзистенционално прашање. Освен кумановските стечајци на протестот ќе присуствуваат и стечајците од Крива Паланка, Штип и Кочани.  Од „Унит“ очекуваат околу  шестотини обесправени работници да го изразат своето незадоволство пред релевантните институции.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)