Стечајците одржаа мирен протест

Стечајните работници од здружението УНИТ денеска одржаа мирен протест на излезот на Куманово, од каде што побараа државата да ги обештети со 6.000 денари месечно до повторно вработување или пензионирање. Нагласија дека се одлучиле на овој чекор, бидејќи иако се најзагрозена категорија граѓани, чувствуваат дека се во сенка на Шарената револуција. Додадоа дека преку собирот сакаат да ги потсетат надлежните за нивните барања.

-Јас се можам да сфатам, но не и дека на се, се фрлаат пари а нема да се даде по 6000 за оваа катеорфија на работници. Моратлитетот е многу зголемен и најстрашно што е над 67 проценти така што од 6.000 стечајни работници останавме на 4000-истакна Лилјана Георгиевска од УНИТ.

Стечајците нагласија дека даваат поддршка и на Шарената револуција и затоа секојдневно се присутни на протестите кои се одржуваат во повеќето градови во државата. Тие истакнаа дека овој протест е предупредување за она што следи. Тие планираат деновиве да почнат со блокади на патарини, крстосници, но и да бараат состаноци со странските амбасадори. Инаку денеска вакви протести се одржаа и во Кавадарци, Неготино, Крива Паланка, Штип и друго.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)