Стечајците повторно го блокираа влезот на градот

Стечајните работници од здружението УНИТ денеска повторно одржаа мирен протест. Тие тргнаа од зградата на поранешен Комитет, се движеа низ улиците, по што собирот заврши со блокада на излезот на Куманово. Стечајците уште еднаш побараа државата да ги обештети со 6.000 денари месечно  до повторно вработување или пензионирање, и да им го признае одработениот стаж.

-Цела Македонија е на нозе, некој се бори за власт, некој за спас на државата, а ние за корка леб. Да бидеме нормални граѓани на ова општество, се бориме за нашите права бидејќи сме брутално протерани од нашите работни места без никаков надомест имаме потполно право да бараме да бидеме обештетени од страна на државата-нагласи Лилјана Георгиевска, УНИТ.

Георгиевска истакна дека многумина политичари ќе сносат одговорност бидејќи се осмелиле да остават на улица 6000 луѓе. Стечајците нагласија дека се принудени на вакви чекори, бидејќи немаат пари ниту за лекови и леб.  Тие додадоа дека протестите ќе продолжат и наредната недела, но овој пат блокадата ќе се случи на патарината Скопје-Куманово. На собирот кој ќе трае два часа ќе им се приклучат стечајните работници од повеќето градови од државата. Инаку претседателката на УНИТ ги повика стечајците во недела во 17 часот да бидат пред зградата на Комитет, од каде што ќе се упатат на протест кој ќе се одржи во Скопје.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)