Стечајците повторно на протести

Стотина стечајни работници денеска протестираа пред Центарот за вработување во Куманово, од каде што побараа државата што поскоро да ги обештети со 6.000 денари месечно до повторно вработување или пензионирање.

-Ние ќе побараме под итно да се обештетат стечајците, тоа е единствено барање на сите стечајни на ниво на Mакедонија. Знаеме колку има фирми но дали тие ќе ги опфатат сите. Со полно право бараме да не обештетат со 6.000 денари со тоа што и тие ќе имаат право да бараат работа за нас и да не вработуваат-изјави Лилјана Георгиевска од УНИТ.

Тие истакнаа дека нема да подлегнат на манипулации, туку дека ќе ја продолжат  борбата за своите права. Инаку, тројца членови на УНИТ по протестот се сретнаа со директорот на Центарот за вработување, кој што им ветил дека сака да соработува со нив, но откако ќе ги добие пакетот мерки за вработување од Владата. Тие најавија дека по велигденските празници ќе започнат со собирање потписи за петиција за обештетување, како и протести пред ресорните министерства и владата. Инаку стечајни работници денеска протестира пред Центрите за вработување и во другите градови низ Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)