Стечајците поднесуваат барања за државен надомест

До 31 декември годинава ќе трае приемот на барањата на сите невработени лица кои што сметаат дека ги исполнуваат условите согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминанатна сопственост на државата. По разгледување на барањата ќе се знае точната бројка на лицата кои што согласно законот ќе бидат материјално обештетени со месечен надомест кој изнесува 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата по работник во РМ за претходната година, информираат  од центарот за вработување во Куманово.

-Ги повикувам сите невработени лица да ги поднесат своите барања во центарот за вработување. Во тек е и изработка на доставување на списокот од страна на централниот регистар на РМ на списокот на фирми кои што биле во доминантна државна сопственост. Приемот на барањата  ќе биде до 31 декември годинава. Сите барања кои што ќе бидат поднесени  после истек на овој рок ќе бидат отфрлени како ненавремени, изјави Марија Димитријевска, раководител на Центар за вработување Куманово

Невработени лица кои што имаат право на материјален надомест се лица кои биле најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна државна сопственост, што се поврзува од М1 и М2 образци, лица на кои работниот однос им престанал врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатието со доминантна сопстеност на државата, кои се приватизирале но го задржале својот единствен матичен број согласно со закон, лица кои на денот на поднесување на барањето имаат 52 години за жени и 55 години за мажи.

Најспорни во Куманово се поранешно вработените во Житомел, Монопол,  Зик -сточарство и преработка, Кожара и Чик.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)