Стечајците собираат потписи во селските средини

Повеќе од 3.000 граѓани со потпис ги подржаа стечајните работници во нивните барања. Потписите заедно со предлог-законот ќе бидат доставени во Собранието на РМ. Деновиве се собираат потписи и во руралните подрачја. Новина е што стечајците добиле подршка од своите колеги да предложат измени и дополнувања на  досегашниот предлог закон.

– Ние немаме веќе 50 годишници и ќе се зголеми стапката на старост, останува 15 годишен работен стаж , а 52 години за жена,  54 години за маж , така што имаме уште една измена на предлог –закон, сите и жени и мажи над 58 години ќе се бара обештетување до пензионирање зашто тие луѓе се најзагрозени и немаат шанса за вработување така што со полно право ќе бараме такво обештетување, овие што се помлади од  58 години ќе бидат до следното вработување или пензионирање , изјави Лилјана Георгиевска од Здружение на стечајни работници и технолошки вишок „Унит“ Куманово

Од  здружението „УНИТ“  се оптимисти дека одејќи од врата на врата на ниво на државата ќе успеат да соберат уште 7.000 потписи од граѓаните.

– За три недели имаме во Куманово 3.000 потписи,  додека ако погледаме на 110.000 жители на Куманово мислам дека сепак е малку, не е грешка се во кумановци, можеби е и наша грешка , бидејќи еднаш го прекинавме собирањето па продолживме, па не сме на плоштад туку од човек на човек собираме потписи, изјави Георгиевска.

Откако останаа без работа стечајните работници, 4 пати досега пратениците од Социјалдемократскиот сојуз  поднесуваа предлог-закон за оваа категорија граѓани, но не беа изгласани. Членовите на „Унит  “ овој пат очекуваат нивните барања да бидат подржани и од останатите пратеници во Собранието, бидејќи 6-те илјади денари кои ги бараат да им ги обезбеди државата ќе им бидат доволни само за најнеопходните лекарства и за брашно.

Во Куманово живеат околу 1300 стечајни работници. За разлика од порано бројката е намалена како резултат на зголемен морталитет на оваа категорија граѓани.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)